| |

Бугарски војници со одлични резултати на воена вежба во САД

Припадници на Копнените сили на бугарската армја се претставија одлично на тешка воена вежба во САД – натпреварот „Best Warrior Competition“. Натпреварувањето се одржа во Тулахома, во сојузната држава Тенеси, од 26 февруари до 1 март, соопштија од Копнените сили на бугарската армија.

Настанот е дел од националниот шампионат на Соединетите Американски Држави. Бугарскиот тим беше составен од војници од 2-ри механизиран баталјон на 61-та Стрјамска механизирана бригада, со раководител старешината Петко Гамишев.

Натпреварувањето се состоеше од повеќе етапи со различни активности и воено-спортски дисциплини. На почетокот учесниците се претставија пред комисијата на натпреварот, каде што одговараа на прашања од воена и историска тематика.

Потоа следуваа натпревари по физичка подготовка, кои вклучуваа тестови за агилност и издржливост, прецизно гаѓање, воено-медицинска подготовка, ноќна и дневна ориентација со карта, тактички задачи и работа со радиостаница.

Последниот ден од натпреварот заврши со марш од 20 километри со ранец тежок 20 килограми, опрема и оружје.

За своето одлично претставување, бугарските војници беа наградени од организаторите на натпреварот.

Слични Објави