БУГАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЈА ПОЧНА РАТИФИКАЦИЈАТА НА ПРОТОКОЛОТ ЗА ВЛЕЗ НА МАКЕДОНИЈА ВО НАТО
Ратификацијата на протоколот за пристапување на Македонија во НАТО ја помина првата фаза во бугарскиот Парламент. Протоколот доби поддршка од Комисијата за одбрана. Првиот човек на комисијата, генерал Константин Попов, пред своите колеги истакна дека Бугарија пред 27 години прва безусловно ја признала Македонија под нејзиното уставно име и како самостојна и независна држава. „Бугарија пред 27 години ги убеди и Турција и Русија, да ја признаат македонската независност. Денеска Бугарија уште еднаш ги потврди своите добри намери кон нашиот сосед. Ја поздравуваме Северна Македонија за нејзиното членство во Северноатлантскиот сојуз – изјави Попов по гласањето во Комисијата за одбрана на бугарскиот Парламент.