МАНЧЕВСКИ ПРАШУВА КАДЕ ДА СЕ ВРАБОТАТ ЧЛЕНОВИТЕ И СИМПАТИЗЕРИТЕ НА СДСМ
Министерот за информатичко општество и државна администрација Дамјан Манчевски ја прашува јавноста, каде да се вработат членовите и симпатизерите на СДСМ. Тој пак повтори дека во изминатите 10 години сите што биле поврзувани со СДСМ биле дискриминирани, и сега им се отвора шанса да добијат вработување.
Манчевски тврди дека ако има некои нерегуларности Антикорупциска е тука да провери дали се е според законските прописи. Министерот дури иронично ги праша присутните новинари, дали членовите и симпатизерите треба да се иселат од државата.
