| |

Нинова: Ние сме категорични, нема никаква промена во нашиот став во однос на РС Македонија

Нема промена во позицијата на Бугарската социјалистичка партија и во позицијата на Владата во однос на РС Македонија. Тоа го изјави вицепремиерката, министерка за економија и председател на БСП во оставка Корнелија Нинова, во однос на последните изјави на премиерот Кирил Петков, јавува БГНЕС.

„Кога оваа тема почна да се коментира, јас бев во кабинетот на премиерот и разговарав со него. Можам да ви кажам дека нема промена во позицијата на Владата. Нашата позиција е да се следи Рамковната декларација на парламентот, да се спроведува Договорот за пријателство и соработка и се разбира да се почитуваат историјата и бугарскиот национален интерес“, вели Нинова.

Нинова подвлече дека бугарското МНР исто така ја изразило својата поддршка за досегашната позиција. Таа појасни дека Петков има намера да ги надогради односите на Бугарија со РС Македонија во повеќе различни области.

Слични Објави