11 ТАНЧЕРКИ И 23 ГОСТИ ЗАТЕКНАТИ ВО ОХРИДСКИ ЛОКАЛ ШТО НЕ ГИ ПОЧИТУВАЛ МЕРКИТЕ ПРОТИВ КОВИД-19

Поради сомнение за сторено кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, охридската полиција поднесе кривична пријава против Д.Т. (31) од Охрид, Х.А. (42) од тетовското село Боговиње и против локал со седиште на улицата „Железничка“ во Охрид.

loading...

Како што информираат од МВР, на 16 јануари годинава прво и второ пријавениот, во својство на управители и сопственици на правното лице, дозволиле работа на објектот после 18 часот, ангажирале 11 танчерки (странски државјанки) и дозволиле присуство на 23 други лица.

Со тоа, постапиле спротивно на безбедносните протоколи и превентивните препораки за заштита на населението од Ковид-19.


loading...