АЛЕКСИС ЦИПРАС ПРЕВЗЕМА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПОЖАРИТЕ ВО АТИНА
Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека презема политичка одговорност за катастрофалниот пожар во реонот на Атика, во кој животите ги загубија 87 лица, и повика истото да го сторат и министрите во неговата Влада. „Го свикав денеска министерскиот совет, пред се затоа што сакам пред грчкиот народ, целосно да ја преземам политичката одговорност за трагедијата. Тоа е нешто што се подразбира за премиерот и за владат“, изјави Ципрас во воведното обраќање на почетокот на вонредната владина седница што почна попладнево. Ципрас при тоа ги повика министрите за преземат одговорност „колку и тешка да е таа одлука“, нагласувајќи и дека неговата Влада никогаш не бега од одговорноста. Грчкиот премиер истакна рече дека ова е тежок момент, „можеби најтешкиот во мандатот“ и додаде дека има измешани чувства.

