ПОТРЕБНИ НИ СЕ ПОЛИТИЧАРИ КАКО УЗУНОВ
Христо Узунов е посебен војвода, револуционер, кој со многу свои карактеристики и одлики дели од останатите видни дејци на организацијата и на ослободителното движење во Македонија во периодот од почнувањето на делувањето на организацијата па се до Балканските војни.
Христо влегува во организацијата со чесни намери и идеали , кои ги брани до својот здив.
Тој не бил војвода постојано, тој е војвода само во битката, во секојдневието тој бил само еден обичен четник рамноправен со сите Комити во неговата чета, но на војното поле тој бил бестрашен војвода кој прв одел во битка, без да размислува ниту миг за себеси.
Тој е единствен кој по неуспехот на востанието слегнал меѓу својот народ и побарал да му судат за маките, неправдите и теророт кој тој го претрпил од погрешните одлуки на организацијата, иако тој лично бил против предвременото дигнување на востание.
Во последната битка иако било побарано од него и имал можност да ја напушти својата чета и да го спаси својот живот, тој останал меѓу своите четници и прв ја водел нерамноправната битка со турскиот аскер, предаден токму од припадници на својот народ за кој тој жртвувал се.
Да имавме одговорни и посветени политичари како Христо Узунов, сите овие години, денес Македонија ќе беше просперитетна и напредна држава, а народот ќе збореше за спорт, култура, одмори, наместо да бистри 24/7 политика.
пишува : Ојнак

