ПУКАЊЕ ВО НОЌЕН КЛУБ ВО ТОРОНТО-ЕДЕН ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА

/

Непознат маж ноќеска пукал во ноќен клуб во северниот дел на канадскиот град Торонто, при што седум лица се ранети, информира локалната телевизија Глобал њуз, повикувајќи се на информации од полицијата, пренесува НОВА ТВ.

Инцидентот се случил вчеравечер во клубот „Зона 45“.Според полицијата, еден од повредените се наоѓа во критична состојба. Според менаџментот на клубот, за време на пукањето во клубот имало околу 250 луѓе.





Претходна статија

ТРАМП СО УШТЕ ПОРИГОРОЗНИ САНКЦИИ ПРОТИВ ВЕНЕЦУЕЛА

Следна статија

МИЦКОСКИ ВО СТИЛОТ НА ГРУЕВСКИ- ВО СТАТУС ПОДОЛГ ОД СВЕТОТО ПИСМО МУ РЕЧЕ НА ЗАЕВ ДЕКА НЕМА ДА ПОДДРЖИ ЗАКОН ЗА СЈО ПО ТЕРК НА ВЛАСТА

Најново од Вести