| |

ГДУ-ШТИП: КОГО ЛАЖЕ ДИРЕКТОРОТ НА ЈП ЗА ДРЖАВНИ ПАТИШТА ЗОРАН КИТАНОВ?

„Локалниот пат Три Чешми- Кадрифаково за жал сѐ уште не е завршен.
Нашата реакција е насочена кон министерот за транспорт и до директорот на ЈП Државни патишта, г. Зоран Китанов, и прашуваме ако е потребно повеќе од една година за завршување на неколку стотина метри пат, колку време е потребно за завршување на цел автопат? 

Дали е потребно истите граѓани да спремаат тужба за недобивање на услуга која ја плаќаат и имаат чуство на грабеж или пак подобро е да се направат тие неколку стотици метри и да се спречат сите негативни последици кои произлегуваат од дупките на патот?!

Само да напоменеме дека гореспоменатиот директор даде изјава пред извесно време, на која кажа дека локалниот пат Штип –Кадрифаково е завршен“, изјави на денешната прес-конференција Бојана Дрангова од ГДУ-Штип.



Слични Објави