| |

„Мистеријата на бугарските гласови“ со концерти во Лондон и Цирих во април

Светски познатиот бугарски женски хор „Мистеријата на бугарските гласови“ (Le Mystère des Voix Bulgares), добитник на наградата Греми, ќе одржи концерти во Обединето Кралство и Швајцарија во текот на април, јавува БНР.

На 22 април ансамблот ќе настапи во Лондон (19b Compton Terrace, London, N1 2, United Kingdom), додека на 24 април ќе одржи концерт во Цирих (Neumünsterstrasse 10, 8008 Zürich, Schweiz).

Хорот „Мистеријата на бугарските гласови“ е познат по изведбите на традиционална бугарска народна музика во современа обработка, со што се има етаблирано како еден од најпрепознатливите музички симболи на Бугарија во светот.

Слични Објави