Бугарија го одбележува денот на воените инвалиди и на настраданите во време на војна
„Сѐ за Бугарија!“ е девизата на Сојузот на воените инвалиди и настраданите во време на војна во Бугарија. На 29 март се одбележува Денот на воените инвалиди и настраданите во време на војна, јавува Инфоцентарот на Министерството за одбрана на Република Бугарија.
Почетоците на воено-патриотската организација датираат од 1913 година, кога во Софија е основано друштвото „Воен инвалид“. Две години подоцна е формиран и самиот Сојуз.
Основната цел што организацијата доследно ја следи и ја застапува низ децениите од своето постоење е да ги изразува и брани интересите и правата на своите членови – воените инвалиди и настраданите во време на војна, како во воено време така и во мирнодопски услови.
Во 1951 година организацијата е укината, а во 1983 година повторно е обновено друштвото „Воен инвалид“, додека во 1990 година е обновен и самиот Сојуз.
Сојузот е една од воено-родољубивите организации што активно е поддржуван од Министерство за одбрана на Бугарија. Претседател на Сојузот е помлад поручник од резервниот состав, инженер Петар Велчев.
