|

БУГАРСКИТЕ ДИПЛОМАТИ ВО МАКЕДОНИЈА ДОНИРАA МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ЗА БОЛНИЦАТА ВО БИТОЛА

Скафандери за повеќекратна употреба за ковид зоната во Инфективното одделение при Клиничката болница во Битола, донираа бугарските дипломати во државата, а донацијата лично ја предаде Ангел Ангелов, бугарскиот амбасадор, јавува Битолањуз

„Сите бугарски службеници во амбасадата во Скопје и Генералниот конзулат во Битола собравме лични средства за купување на заштитна облека за докторите од првата  линија кои што се борат со ковид-19. Скафандерите, се произведени во Бугарија, а се најмодерна технологија, а заштитната облека може да се користи и по 50 пати. Вкупно дониравме 17 скафандери, кои се најнова и најмодерна најмодерна заштита направена специјално за зашшита од ковид-19. Со нивна употреба опасноста е минимализирана“, изјави амбасадорот Ангелов.



Слични Објави