| |

Данското претседателство со Советот: Проширување на ЕУ ќе има само со исполнување на критериумите

Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере, истакна дека проширувањето на Европската унија ќе биде еден од клучните приоритети за време на претседателството со Советот, кое нејзината земја го презеде, пренесува БГНЕС.

Бјере нагласи дека со оглед на меѓународната ситуација, политиката на проширување претставува стратешка неопходност за Унијата.

Таа беше категорична дека процесот мора да се заснова на принципот на заслуги – државите кандидати треба да демонстрираат напредок и да спроведуваат реформи, јавува „Виести“.

Министерката ги посочи Албанија и Црна Гора како лидери во регионот кога станува збор за спроведувањето реформи и го подвлече ангажманот на Данска да го поддржува нивниот понатамошен развој во оваа насока.

Слични Објави