|

Утре од 10 до 13 часот граѓаните ќе може да оддадат последна почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија

Посмртните останки на 45 граѓани кои загинаа во сообраќаната несреќа во Бугарија се очекува утре во 9 часот да пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје, соопшти попладнево Министетството за надворешни работи.

По пристигнувањето, како што наведува МНР,  поворката ќе се движи по однапред утврдена патека до и низ главниот град.

Во периодот од 10 до 13 часот граѓаните ќе може да оддадат последна почит и да положат цвеќе на плоштадот „Скендербег“ и да ја проследат поворката која ќе помине по булеварот веднаш до плоштадот, во периодот меѓу 11 и 12 часот.

На самиот плоштад ќе биде поставен и видеоѕид, од каде што граѓаните ќе можат да го следат целиот процес на пристигнување и движење на поворката

Бугарскиот амбасадор во земјава Ангел Ангелов денеска изјави дека останките на 45-те македонски граѓани утре наутро од Бугарија во земјава ќе бидат транспортирани со два воено-транспортни авиона.

Несреќата на автобусот на „Беса транс“-Скопје  се случи на 23 ноември на автопатот „Струма“ во близина на градот Перник. Загинаа 45 патници, седум беа повредени.



Слични Објави