| |

ОРБАН ЈА ЗАТВОРИ УНГАРИЈА ЗА СТРАНЦИ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан издаде декрет со кој се забранува влез на странци во земјата, со неколку исклучоци.

Забраната стапува во сила од утре, а беше најавена минатиот петок.

Исклучоците се однесуваат на владини функционери кои организираат официјални настани, приматели на медицински услуги, странски студенти со потврда дека редовно учат, возачи на камиони на пат кон дома, гости на семејни собири како свадби и учесници во спортски, културни или религиозни настани.

Секој, кој ќе добие дозвола да влезе во Унгарија мора да оди во двонеделен карантин и да има два негативни теста на коронавирус.

Двонеделен карантин е задолжителен и за Унгарците кои се враќаат во земјата од странство.

Слични Објави