КОЛЕВ: АЛЕКСАНДРОВ Е ИДЕОЛОШКИОТ ТАТКО НА МАКЕДОНСКАТА ДЕСНИЦА
„Секој решава дали да се бори или да е комформист, дали да се скрие во удопствата на животот или да се посвети на идејата. Всушност секој решава како да живее и за своето решение си ја плаќа цената!
Тодор Александров ја воскресна Организацијата од пепелта на Првата светска војна, ја крена на нозе волјата и желбата за слободна Македонија, имаше смелост и по цена на својот живот да се спротивстави на Србите и нивните ѕверства во Македонија, а можеше едноставно да си гради кариера во Софија и да си живее спокоен живот со своето семејство. Александров е идеолошкиот татко на македонската десница и тоа е вистината!
Тоа што денеска разни шалабајзери кои весник немаат прочитано во животот, кои одат по разни штабови и се молат како песови да ги вработат државно, бидејќи се неспособни копуци и не можат за леб да спечалат надвор од државната капа, ќе лаат и ќе тресат зелени, тоа не значи дека Македонија не е благодарна!
Вечна ти слава војводо!“, објави на социјалната мрежа Facebook претседателот на ГДУ, Петар Колев.