Деветгодишниот Теодор Грујоски е годинешниот добитник на престижната награда „Гајдата на Пеце“ на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ која ја доделува Општина Долнени.
Малиот виртуоз рече, гајда свири откако знае за себе, и тоа го потврди на сцената на Рудина, во Долнени каде 120 учесници ги покажаа своите изведби на гајда, кавал, тапан, зурла, изворно пеење.
Пораду пандемијата 46-тото издание на еден од најпрестижните Македонски фестивали, се одржа со редуциран број учесници, и малубројна публика.
Токму и поради пандемијата, фестивалот наместо во почетокот на јули се одржа на 28 и на 29 август, прво во Прилеп, а синоќа , односно на втората фестивалска вечер , на Рудина, Долнени.
На фестивалот учество зедоа 120 изведувачи, групи и поединци-изведувачи на гајда, кавал, зурла и тапан од повеќе градови и места од Македониа: Куманово, Неготино, Истибања, Прилеп, Чешиново и др.
Главен покровител на Фестивалот и оваа година беше Министерството за култура и локалните самоуправи на Прилеп и на Долнени.