ВИДЕО: СО ЖИВ ЅИД ЌЕ СЕ БРАНИ КУЌАТА НА РИСТЕ БАЊЕГЛАВ

//

Семејството на Ристе Бањеглав , повторно е во голема животна неизвесност. 
Откако неговотот присилно иселување еднаш беше одложено, сега врз него повторно се врши притисок да се исели од единствениот имот што го поседува во Долни Балван и кој го наследил од дедо и прадедо:
„По целата голгота која што се случуваше пред три месеци со извршителката и доверителот ,во саботата кога ќе има соодветни пријави доверителот Марјан Димовски кој е од Скопје дојде во мојот дом и со вербални закани кажа веќе се ви е поминато , сите рокови бидејќи не е поминато од апелација ,се ви е завршено ,дајте ми 23 илјади евра или ќе ве иселам“ изјави Ристе Бањеглав
Според информациите со кои Ристе располага, дворот во кој е изградена неговата куќа, лихварот од кој рој позајмил пари, неводно веќе го продал:
„Апелирам до купците дека нема никогаш да се иселиме од овој двор ,ние сме го платиле 17 пати,ако останало некоја камата кај извршителката тоа е нивна работа ,ова е дил помеѓу нотарката,извршителката и лихварот ,ова е невиден терор, едноставно ќе се борам сам ,ова е селска борба , ова е моја борба“ изјави Ристе Бањеглав
Ова значи дека прашање на време е кога, извршители повторно ќе дојдат присилно да ги иселат Бањеглави од нивниот дом.
Но овој пат, тие нив нема да ги преќекаат сами. Куќата на Бањеглав ќе се брани на сите можни начини:
„Ако вакво нешто се случи дали кај Ристе или кај било кој ние сме спремни да дојдеме и да застанеме како жив штит да ја бранеме сопственоста на Ристе. Значи да дојдеме на лице место и да стоиме пред тие кои ќе пробаат да ја земат сопственоста односно куќата“ изјави Ана Глигорова, Здруж. Стоп за извршителите
Инаку, случајот на Ристе Бањеглав, кој во јавноста е актуелен последните три месеци, започнал пред три години. Тогаш Бањеглав од сопругот на своја братучетка позајмил 10.000 евра. Како гаранција кај нотар ги ставил куќата и земјиштето под и околу неа. Ова, подоцна се испоставио дека е кобна грешка бидејќи во меѓувреме тој на лихварот му дал 5.000 евра, а подоцна преку извршител му исплатил уште нови 10.000 евра.
Во меѓувреме, семејството на Бањоглав поминало низ тешки таруми бидејќи имотот од извршител самите на лицитација си го откупувале дури 17 пати, но се уште нивното не можат да си го вратат.
За голготата на Бањеглави и слични на нив да заврши, за Здружението Стоп за извршителите спас се само законски измени со кои ќе се намалат каматите и ќе се создадат фер услови за наплата на договите.

Извор: ТВ Стар





Претходна статија

ФОТО: ТЕЛЕФОНСКИТЕ БРОЕВИ НА КОИ ТРЕБА ДА СЕ ЈАВАТ ГРАЃАНИТЕ ДОКОЛКУ ИМААТ СИМПТОМИ НА КОРОНАВИРУС

Следна статија

ВО ЖИВО: ПРОТЕСТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА ПРАВДА

Најново од Вести