| |

ПОПЛАДНЕ И ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ МАРШИРА ЗА ПРАВДА

ВМРО-ДПМНЕ денеска организира протестен марш од Обвинителството до Врховниот суд во 18 часот за, како што велат од партијата, да се упати порака за почитување на правдата и ќе се спротистави на кршењето на Уставот и законите.

Од партијата истакнуваат дека протестот е „против неправдата, Заев е виновен“. Истиот ќе започне пред Јавното обвинителство лоцирано на кејот, а ќе заврши пред Врховниот суд.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вчерашната прес-конференција ги повика сите граѓани од сите националности и убедувања да им се приклучат на протестот.



Слични Објави