| |

Светски познатиот бугарски диригент маестро Најден Тодоров ќе го диригира Велигденскиот концерт во Филхармонијата на Северна Македонија

Светски познатиот бугарски диригент и министер за култура на Бугарија маестро Најден Тодоров, ќе ја има диригентската палка на Велигденскиот концерт во Филхармонијата на Република Северна Македонија. Музичниот настан, ќе се одржи на 8 април со почеток во 20:00 часот, во Концертната сала на Филхармонијата.

На концертот ќе настапат солистите Катерина Стојановска (сопран), Исмет Вејсели (тенор) и Иван Наумовски (баритон/бас), придружени од хорот „ПроАрс“, подготвен од диригентот Сашо Татарчевски.

Програмата вклучува дела од Франц Лист – „Прелудии“, симфониска поема бр. 3, S.97, како и „Ѕвона“ – корална симфонија од Сергеј Рахмањинов.

Слични Објави