ВАНЕ ЦВЕТАНОВ ЗА МИТКО ЧАВКОВ: ДАЛИ ИМА ПОГНАСНА РАБОТА ОД СИТУАЦИЈАТА ВО КОЈАШТО МОНСТРУМОТ ГЛУМИ ЖРТВА?

Нечовекот којшто монтираше повеќе од 30 случаи, уништи стотици семејства, кој што лично беше дел од врвот на мафијата и режимот, којшто од нула – за 7 години направи градежна фирма вредна милиони евра, ОБВИНУВА за неправеден судски процес и за криминална власт?

Чавков монтираше и случај против 21 невладина организација, за Шарената револуција. Монтираше тешки кривични дела за наводно РУШЕЊЕ НА ДРЖАВНИОТ ПОРЕДОК. Со боја? За тој случај Чавков подготвуваше затворски казни повеќе од 300 години.

Почитувани,
Дали има погнасна работа од ситуацијата, во која што монструмот глуми жртва, напиша на својот профил поранешниот директор на
Агенцијата за спречување на перење на пари, Ване Цветанов.