ПО ВЕЛИГДЕН ЌЕ ПОЧНЕ СУДЕЊЕТО ПРОТИВ ДВАЈЦАТА ТЕПАЧИ ОД ШТИП
По Велгиден, планирано е да започне судењето на двајцата напаѓачи на девојката од Штип. Пред судот ќе бидат изведени двајцата штипјани што ја претепаа 21-годишната девојка и тоа го снимија на видео, кое потоа заврши на социјалните мрежи, јавува ТВ Стар.
Основното јавно обвинителство од Штип ја заврши истрагата, поднесено е обвинение и закажано е судењето во Основниот суд во Штип.
23-годишниот П.Р. и 26-годишниот С.А., и двајцата од Штип, се обвинети за делото „Насилство“. За ова дело во Кривичниот закон, според Обвинителството, е предвидена казна затвор во траење од шест месеци до пет години. Во текот на истрагата не е утврдено дека се работи за „Семејно насилство“, дело за кое казната е поголема, бидејќи девојката не била во партнерски однос ниту со едниот ниту со другиот.