| |

ГГ СТЕФАН ГИ ПОВИКА ВЕРНИЦИТЕ ЗА ВЕЛИГДЕН ДА СЕ МОЛАТ ВО СВОИТЕ ДОМОВИ

„Поминуваме низ еден период кој од нас бара послушност и воздржување. Појавата на корона – вирусот во светот, а воедно и во нашава земја, нè натера да внимаваме и на нашето и на здравјето на нашите ближни. Затоа, да се придржуваме по советите и мерките изречени од надлежните институции, и сите заедно да придонесеме да се намали и спречи ширењето на заразата. На нашите верници им советуваме да истраат и да не се вознемируваат затоа што не можат да присуствуваат бројно на светите богослужби во храмовите, и им препорачуваме да се молат во своите домови и срца, за Бог да нè избави од оваа опасна болест. Да се молиме и за медицинските лица, полицијата и војската кои напорно се грижат за заболените и за редот во државата. Да се молиме за заболените да оздрават, како и за спасение на душите на оние кои не ја добија битката со болеста. Да се молиме Бог да ни ги прости нашите гревови и да нè помилува, зашто само Бог ни е прибежиште и сила, и докажан помошник во неволја.напредување“, стои во обраќањето на ГГ Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски објавено на официјалната интернет страна на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија.



Слични Објави