ЕДНИОТ ОД ТЕПАЧИТЕ ОД ШТИП СО НОВ АДВОКАТ, ДРУГИОТ СЀ УШТЕ БАРА- ГАЏОВ ГО ОДБИЛ ПОЛНОМОШНОТО
Адвоктот по службена должност на двајцата тепачи од Штип Драган Гаџов го откажа полномошното и повеке не е нивни бранител. Експресно, едниот за адвокат го ангажирал велешанецот Валентин Зафиров а другиот свој бранител интензивно бара.
Доколку не му успее, велат упатени за ТВ Стар , Судот на него ќе му бара нов адвокат по службена должност.
Во Штип има речиси 80 адвокати и без оглед на нивната желба, откако Судот ке ги повика, професионална обврска им е обвинетите да ги застапуваат бидејки тоа е нивно основно човечко и законско право и предвидено со адвокатски кодекс.
Но , како и во многу други случаи, можости за заобиколување на одредени обврски од правно-тактични причини има и овој пат но тие во никој случај не се бесконечни. Во еден момент тие се исцрпуваат и Законот во правата светлина стапува на сила.
Токму и од овие причини мислење на нашите соговорници правни експерти е дека најверојатно се работи за стратегија бидејки другарите на слобода и ортаци во неволја лесно можеле да се договорат да ги застапува ист адвокат.
Од друга страна, причините за откажување на полномошното од страна на Гаџов за нас се непознати иако претпоставки има многу. Една е и таа што во последно време тој се соочува со силна јавна антикампања и дел од јавноста го идентификува со одредени снимки кои за неговата кариера некои тврдат дека се силно компромитирачки.
Која и да е причината, истрагата и притворот продолжуваат за нови 3о дена кои веројатно ке бидат доволни таа да се заврши. Снимките кои насилниците сами ги направиле за нив се сведоци душмани кои сигурно и за подолго ке им обезбедат добро место во штипскиот затвор.
Во меѓувреме, ново е и тоа што обвинетите од денес го знаат и името на судијата, Јулијана Неткова, со кој правен дијалог ќе имаат во наредниот период.

