|

КОРОНАВИРУСОТ ЈА ЗЕДЕ СВОЈАТА 100-ТА ЖРТВА МЕЃУ ЛЕКАРИТЕ ВО ИТАЛИЈА

Во Италија, коронавирусот ја зеде својата 100-та жртва помеѓу лекарите, соопшти лекарското здружение. Најновата жртва е 62-годишен лекар за општа медицина во провинцијата Венето.

Италија е земјата во која досега има најголем број жртви од коронавирус, а медицинскиот персонал се соочува со недостаток на заштитна опрема како што се ракавици и маски за лице.

Во Италија  досега потврдени се речиси 140.000 лица заразени со коронавирус, од кои околу 10 проценти, поточно 13.522 лица се  медицински работници.



Слични Објави