БОРИСОВ: СЕ МОЛИМЕ КАКО ЦИГАНЧИЊА ЗА ТЕСТОВИ ЗА КОРОНА ВИРУС

//

„Нарачавме еден милион тестови за дијагностицирање на Ковид- 19 но тестови нема“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, на вондреден брифинг во Владата на Р. Бугарија. Премиерот додаде дека наредил на бугарската фармацевска индустрија да произведе читачи за земање на проба за Ковид-19.

„Шпанија и Чешка се судат со Кина од каде што ние сакавме да нарачаме еден милион тестови но за среќа ја запревме нарачката. Брз тест кој што е ефективен во моментот нема. Ние можеме да потрошиме 20-30 милиони левови, но тие нема да ни достават ни 1000 тестови а ние чекаме милион“, вели премиерот. Борисов изјави дека во моментот се земаат тестови во мал број, oд 1000-5000 бројки.

„Знам дека во моментот се молиме како циганчиња за тестови не само ние туку и премиерите и претседателите на најголемите држави. И тие се молат и тие бараат тестови. Велам циганчиња во добрата смисла на зборот“, додаде Борисов.



Претходна статија

ВО ПРОБИШТИП Е РЕГИСТРИРАНО ПРВОТО ЛИЦЕ ПОЗИТИВНО НА КОВИД-19

Следна статија

ВОЗРАСНА ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО СВОЈОТ ДОМ ВО ВЕЛЕС

Најново од Вести