ВО ПРОБИШТИП Е РЕГИСТРИРАНО ПРВОТО ЛИЦЕ ПОЗИТИВНО НА КОВИД-19

/

Во Пробиштип е регистриран прв случај на лице носител на Ковид 19, информира денеска градоначалникот Драган Анастасов. Тој апелира граѓаните да не креваат паника и да се почитуваат мерките за заштита.

„Минатиот месец информиравме за лице кое беше дојдено од Скопје, на кое откако му беше потврдено дека е позитивно на вирусот, лицата со кои имаше воспоставено контакти беа во самоизолација изминатиот период. За жал, едно од тие лица е позитивно на корона вирусот. Истото лице ќе остане на домашно лекување бидејќи се чувствува добро“, вели Анастасов.



Тој додаде дека општината ќе продолжи со спроведување на сите заклучоци и мерки и оти на денешната седница на Советот е донесена одлука за измена и дополнување на Програмата за заштита и спасување со зголемување на средствата, така што општината е подготвена да ги преземе сите потребни мерки за заштита на населението.

Претходна статија

ФИЛИПЧЕ СООПШТИ ДЕКА ЗАТВОРЕНИК ВО ШУТКА ПОЧИНАЛ ОД СРЦЕВ УДАР ЗА ВРЕМЕ НА ОБДУКЦИЈАТА СТАНУВА ЈАСНО ДЕКА ПОЧИНАТИОТ БИЛ ЗАБОЛЕН ОД ВИРУСОТ КОВИД-19

Следна статија

БОРИСОВ: СЕ МОЛИМЕ КАКО ЦИГАНЧИЊА ЗА ТЕСТОВИ ЗА КОРОНА ВИРУС

Најново од Вести