|

(Видео) Во Британија експлодираше бомба од Втора светска војна, се тресеа згради во радиус од 24 километри

Бомба од Втората светска војна експлодира во Грејт Јармут, Велика Британија, и покрај обидите таа да се деактивира, соопшти полицијата во Норфолк.

Корисниците на социјалните мрежи рекоа дека слушнале силен тресок и почувствувале како зградите се тресат на 24 километри од местото каде била пронајдена бомбата.

Полицијата соопшти дека моментот на експлозијата го снимила со дрон и дека при експлозијата нема повредени.

Бомбата, долга околу еден метар и тешка околу 250 килограми, ја открил изведувач кој работел на изградба на нов мост на локална река.

„Повеќето патишта се повторно отворени на тие локации“, се вели во соопштението.

Работата за деактивирање на бомбата, која се наоѓаше во близина на две гасоводи, продолжила непречено.



Слични Објави