ГРЧКАТА АВИОКОМПАНИЈА АEGEAN ГИ ПРЕКИНА ЛЕТОВИТЕ ЗА СКОПЈЕ

Грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“ ги прекина летовите меѓу Скопје и Атина на неодредено време. По затворањето на Меѓународниот аеродром Скопје кон средината на март годинава, од компанијата најпрво излегоа со официјален став дека летовите ќе ги возобноват на почетокот од септември годинава, но во меѓувреме одлуката за летовите меѓу двата главни града е променета, пишува „Ex-Yu Aviation News“.

Скопје како дестинација за летање од Атина не може воопшто да се пронајде при пребарувањето на можноста за купување авиобилет на веб-страната на „Ејџиан“., пренесува Фокус.

Идентично како со македонскиот главен град, грчката авиокомпанија ги прекина и летовите кон Сараево, Загреб, Дубровник, Сплит и Подгорица поради пандемијата со ковид-19 и драстичното намалување на бројот на патници за овие дестинации. Од септември со „Ејџиан“ ќе може да се лета единствено кон Белград, како и кон хрватскиот главен град, но со застанување во Белград.