| |

Габриел: Не можам да седам на иста маса со луѓе со антибугарски позиции

Не можам да бидам на иста маса со луѓе кои имаат антибугарски и антиевропски позиции. Ова го изјави вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Р. Бугарија, Марија Габриел, јавува БГНЕС.

Габриел го коментираше учеството на Р. Бугарија на состанокот на ОБСЕ во Скопје. Вицепремиерката на неколку часа ја посети РС Македонија и замина пред доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Бев во Скопје да му оддадам почит на претседавањето со ОБСЕ. Дополнително, имаше вечера на европските лидери на која секој од нас требаше да изјави дека сме таму затоа што не сакаме да ја потпишеме смртта на ОБСЕ“, изјави Габриел.

„После оваа вечера, мислам дека моето физичко присуство не требаше да биде таму, па затоа заминав. Не сакам да присуствувам со претставници на земја која нè прогласи за непријатели“, рече Габриел.

Слични Објави