Бугарската влада денеска ќе го утврди составот на делегацијата на Бугариja за Самитот на НАТО во Хаг
На денешната редовна седница, бугарската влада се очекува да донесе одлука со која ќе биде утврден составот на националната делегација, како и рамковните позиции на Бугарија за учество на претстојниот Самит на НАТО. Самитот ќе се одржи на 24 и 25 јуни во Хаг, Холандија.
Според најавите, на седницата ќе се разгледаат клучните приоритети на Бугарија во рамките на алијансата, вклучувајќи ги безбедносните предизвици во регионот, соработката во областа на одбраната, како и ангажманот на земјата во заедничките мисии и иницијативи на НАТО.
Одлуката за составот на делегацијата и позициите што Софија ќе ги застапува во Хаг доаѓа во контекст на засилените геополитички тензии и потребата од координирани чекори меѓу сојузниците во Алијансата.

