| | |

(Видео) Бугарија евакуираше Бугари, Романци, Албанци, Словенци, Американци и Белгијци од Израел

Во 02:30 часот утринава на аеродромот „Васил Левски“ во Софија слета авионот со евакуираните лица од Израел, јавува дописникот на БГНЕС.

Патниците беа пречекани од министерот за надворешни работи Георг Георгиев, како и од претставници на дипломатски мисии во Бугарија.

На авионот се наоѓаа вкупно 148 лица, од кои 89 се бугарски државјани, а останатите се државјани на Словенија, САД, Белгија, Албанија и Романија. Најбројна беше групата од Романија — 41 лице.

Операцијата започна вчера рано наутро, кога сите кои изразиле желба да ја напуштат зоната на конфликт беа превезени со три автобуси до границата со Египет, а оттаму до туристичкиот центар Шарм ел Шеик.

„Евакуацијата на бугарските граѓани од Израел беше добро испланирана операција,“ изјави премиерот Росен Желјазков на почетокот на денешната владина седница. Тој упати специјална благодарност до тимот на Министерството за надворешни работи и безбедносните служби кои ја координираа спасувачката акција.

Премиерот исто така изрази благодарност до капетанот Јанко Иванов и авиокомпанијата GullivAir за навремената поддршка.

„Оваа операција се реализираше од Израел преку Египет, и нашите сограѓани успешно се вратија дома,“ заклучи премиерот Желјазков.

Слични Објави