ТУРСКАТА МОРНАРИЦА ЌЕ ВЕЖБА „ГАЃАЊЕ ВО ЦЕЛИ“ ВО МЕДИТЕРАНОТ ПО СПОРЕН ДОГОВОР МЕЃУ АТИНА И КАЈРО

„Турската морнарица предупредува дека „турските воени бродови ќе изведуваат вежби со пукање во медитеранските води на Турција крај брегот на Анталија на 10-11 август годинава“, стои во објава на турската воена морнарица.

loading...

Соопштението доаѓа по потпишувањето на договорот меѓу Грција и Египет за обележување на нивните ексклузивни зони, за кои Анкара смета дека опфаќаат регион на турскиот континентален гребен.

Според Анкара, договорот потпишан вчера меѓу Атина и Каиро за заедничка економска зона на Медитеранот е провокативен и има за цел да ја отстрани Турција од источниот медитерански регион.


loading...

Претходно, турското Министерство за надворешни работи издаде соопштение во кое се вели дека смета дека потпишаниот договор меѓу Грција и Египет за демаркација на нивните економски зони е невалиден.