ГРАД СКОПЈЕ ПОКРЕНА ПОСТАПКА ДО АНТИКОРУПЦИСКА ЗА КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ

//

Град Скопје поведе постапка до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) против поранешниот скопски градоначалник Коце Трајановски.

Градските власти во барањето наведуваат дека се работи за случај на прекршување одредби од склучен договор исплатен од Буџетот на Град Скопје со цел водење политичка кампања за локални избори. Постапката е поведена минатата недела.

-Откако минатата недела ВМРО-ДПМНЕ обвини за корупција во Договорот со дроновите, ги пребаравме сличните договори што ги склучувал Градот и видовме дека во 2017 година Градот склучил петпати поскап договор од оној во 2016 година. Клопчето почна да се одмотува. Разгледувајќи ги доставените материјали забележавме дека ни се познати и ги најдовме кадрите дека се користени во изборен спот на ВМРО-ДПМНЕ, на Коце Трајановски, велат за МИА од Град Скопје, пренесува zoom.mk.



Градските власти истакнуваат дека засега немаат информации за други или слични случаи и додаваат оти не се истражен орган.

Целиот напис прочитајте го овде.

Претходна статија

ПОЛИЦИЈАТА РАСТУРИ ЗАБАВА ВО СТАН ВО СТРУМИЦА

Следна статија

ВМРО ДПМНЕ НА ПРОТЕСТ ПОБАРА ОСТАВКА ОД МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ

Најново од Вести

Заев и Бочварски на патот Пробиштип-Крупиште: Изградбата и рехабилитацијата на патиштата е приоритет заради поврзување на регионите и за побрз економски развој

Голем број инфраструктурни проекти се изведуваат со засилено темпо и да ги испочитуваат роковите за исполнување