Таравари предлага продолжено работно време за угостителите во Гостивар
Градоначалникот на општина Гостивар од Советот на Општината ќе бара да се изгласа одлука за продолжено работно време за угостителите.
Градоначалникот Арбен Таравари во изјава за МИА го појасни предлогот кој, како што вели, треба да ја закрепне локалната економија и туристичко-угостителскиот сектор, пренесува zoom.mk.
– Во периодот кога во нашата општина има зголемен прилив на иселеници и се очекува и зголемен обем на работа во угостителските објекти. Предлогот е да се продолжи работното време за два часа, во деновите кога има манифестации или културно-забавни програми. Со измената предвидено е во деновите од викенд наместо до 1 часот по полноќ, кафетериите, рестораните и другите угостителски објекти да работат до 3 часот , односно наместо до полноќ да бидат отворени за гости до два часот. Законот за угостителска дејност тоа го овозможува и ние сакаме да ја искористиме таа можност и да му помогнеме на овој сектор, кој заради пандемијата претрпе големи загуби, вели Таравари.
Целиот напис прочитајте го овде.

