| |

ВО МОСКВА ПРЕТЕПАН ПРООПОЗИЦИСКИ НОВИНАР

Познатиот студентски активист и новинар Егор Жуков, кој стана едно од препознатливите лица на протестите против Владимир Путин, минатото лето во Москва, е примен во болница со фрактура на главата, откако бил нападнат доцна синоќа од двајца непознати мажи пред својот дом. За настанот први објавија новинарите од радиото „Ехото на Москва“, каде што работи и самиот Жуков.

Главниот уредник на „Ехото на Москва“ Алексеј Венедиктов соопшти дека Жуков веќе поднел жалба во полицијата против двајцата напаѓачи, кои по нападот врз новинарот избегале со скутери.

Московската полиција веќе води истрага со цел да се открие идентитетот на двајцата напаѓачи, пренесува ТАСС.

Колегите на Жуков велат дека тој бил удиран по главата додека лежел на земја, но се наоѓа во добра состојба и дури се шегува со настанот.

Егор Жуков е голем критичар на Кремљ и е еден од организаторите на минатогошните летни протести во рускиот главен град. Тогаш Жуков беше обвинет во ширење на екстремизам преку својот интернет портал и видео канал на YouTube.

Тогаш судот му забрани да уредуба сајтови во рок од 2 години. По забраната Жуков станува дел од тимот на радиото „Ехото на Москва“.



Слични Објави