|

Зеленски: Русија денеска истрела повеќе од 100 ракети и проектили за време на нападот врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија истрелала повеќе од 100 проектили и 100 беспилотни летала за време на нејзиниот напад врз Украина.

Нанесена е голема штета на енергетскиот сектор“, рече Зеленски на Телеграм.

Тој ги повика сојузниците на Киев да се држат до договорот за набавка на противвоздушни системи и ракети и додаде дека Украина и нејзините партнери треба да создадат заеднички противвоздушен договор за „соборување руски беспилотни летала и ракети“, објави Ројтерс.



Слични Објави