ТЕВДОВСКИ: СО КРЕНАТА ГЛАВА СЕ ВРАЌАМ НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ

//

Откако на вчерашната седница на Собранието кое по десет часовна расправа го разреши министетот Драган Тевдовски од неговата функција, министер за финансии, тој се огласи на својот Фејсбук профил.

„Чест ми е што ја водев најдобрата институција во земјава. Се гордеам што имав одличен тим со кој не се плашев да влезам во ниту една битка. Благодарност до вработените во Министерството за финансии што беспоштедно работеа да ги спроведеме реформите.
Најголемата награда за мене за овие две години, доаѓа деновиве кога насекаде граѓани ме застануваат и ми велат: „браво и главата горе”. Тоа е за мене најдобриот начин да се излезе од едно министерство. И затоа со главата горе и целосно посветен се враќам на Економскиот факултет.“



Претходна статија

ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ШТИП-РАДОВИШ

Следна статија

СУДОТ ВО БУДИМПЕШТА ОДБИ ДА НИ ГО ВРАТИ ГРУЕВСКИ

Најново од Вести