„ПРОШВЕРЦАНИ“ ИЗБОРИ
Знаете што? На граѓаните им дојде преку кур да ги праете недоносени. Како се вика веќе судството, за време на Мијалков знаеме, се викаше „Сваровски“, а сега? До кога бе? Ни направивте театар со она апсење на градоначалникот-шверцер и сеа ОП, чим ќе лежи само 6 месеци, откако ќе искочи може да се врати на функција. Законот го дозволува. Убаво тоа, ама некако многу грешки почнавте да правите, па и да сака да се утеши човек дека сте поарни од секташите кои ја ништеа Македонија 12 години, нема како да му успее. Да ви кажам нешто, вам тешко дека некој ќе ве трпи толку. Можете да кикснете уште сега на следни избори, ако продолжите вака да го носите животов што го ветувавте.
Дозволете ми да ми да го парафразирам вашиот папа, мангупот Б.Ц.: „Дај проверете си, во тоа збиените „демократски“ редови, кој упорно работи за враќањето на ДПМНЕ на власт!“ Ако не го најдете, не паничете, нема ништо страшно, значи сте исти како нив, како оние против кои демек се боревте, а сега како некои лоши имитатори ги повторувате.
Ќе идете на избори а? Продолжете со киксови, па ќе видите какви избори ќе си дочекате, а да и предупредете ги судиите од „вашите тефтерчиња“, никако да не ги чепкаат оние што крадеа пред да дојдете вие, оти утре ќе треба и на вас некој да ви побара сметка за „прошверцаното“.
Автор: Батко Тане