| |

Скандалозно! Дали за комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Република Северна Македонија е „Јужна Србија“ ?

Постапувајќи по претставка на Здружение ДЕЛО Скопје, изјавена против СПОНА-Српски културен информативен центар, поради организираниот настан во Скопје, на ден 01.07.2023 година, финансиран од Министерството за Култура на Р.Србија „Век од основање на Филозофскиот факултет во Скопје (1920-2020) основање и почетоци. Јубилеј на првата високообразовна установа на Јужна Србија“, Комисијата донела Заклучок за отфрлање на претставката поради ненадлежност, бидејќи истата нема надлежност да навлегува во испитување на историски факти и околности.

Претставници на Здружението ДЕЛО од Скопје, нѐ информираат дека се вчудоневидени од ваквата одлука на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, бидејќи со организација на настан на кој денешната територија на Р.С.Македонија се нарекува „Јужна Србија“, а следствено на тоа и народот „Јужни Срби“, претставува говор на омраза и вознемирување кон сите народи кои се впишани во Преамбулата на Уставот на Р.С.Македонија.

Оттука, претставниците на Здружението ДЕЛО Скопје, ја прашуваат Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, дали за нив Р.С.Македонија е „Јужна Србија“, дотолку повеќе што член на Комисијата е историчар, кој по националност не е србин и како за него не е навреда да биде нарекуван Јужен Србин, а државата од која зема плата да биде нарекувана „Јужна Србија“ ?

Исто така, прашуваат како тоа Комисијата имаше надлежност да одлучува по итна постапка за ликот и делото на Иван Михајлов и цар Борис III, како негативни личности од историјата, а сега кога нивната држава се нарекува „Јужна Србија“, немаат надлежност!?

Поради ваквата одлука на Комисијата за спречување и заштита на дискриминација, Здружението ДЕЛО Скопје, ќе достави иницијатива до Министерството за култура, да се изградат споменици на кралот Александар Караѓорѓевиќ, Стојан Новаковиќ, Никола Пашиќ, Јован Бабунски, Глигор Соколовиќ, Василије Трбиќ, Мицко Крстиќ, како и иницијатица до ИНИ при Филозофскиот факултет за рехабилитација на истите, а во чест на кралот Александар Караѓорѓевиќ, догодина ќе организираат панихида, поради неговата историска улога како чувар на македонскиот идентитет, македонската култура и македонските традиционални вредности.

Од Здружението ги молат македонските политичари и велелепните “експерти“ за ваквата одлука на Комисијата да не го обвинуваат бугарскиот народ, ЕУ и САД.

Поради хакирање на веб страната и фејсбук страната на СПОНА, не можеме да го проследиме видеото, но затоа имаме фотографија од организираниот настан.

Слични Објави