УТРЕ И ЗАДУТРЕ ВО СКОПЈЕ ЌЕ СЕ ОДРЖИ ВТОРАТА СРЕДБА НА БУГАРСКО-МАКЕДОНСКАТА КОМИСИЈА ЗА ИСТОРИЈА
Утре и задутре во Скопје ќе се одржи втората средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, што беше формирана како еден од условите во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
На средбата, како што информираат од Министерството за надворешни работи, се очекува членовите на Комисијата, да разменат мислења поврзани со наставните содржини во образовните процеси во двете земји, како и можностите за заедничко одбележување на одредени историски настани и личности. Првата средба на комисијата се одржа на 2 и 3 јули во Софија.