Radmila Sekerinska Jankovska (Minister of Defence, North Macedonia) and General Tod D. Wolters (Supreme Allied Commander Europe)

ШЕКЕРИНСКА ВО БРИСЕЛ: СОСТАНОК НА СЕВЕРНОАТЛАНТСКИОТ СОВЕТ, БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ СО МИНИСТРИ ЗА ОДБРАНА НА НАТО ЗЕМЈИ

//

Министерката Радмила Шекеринска, вчера и денес во Брисел учествува на министерски состаноци на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана, втор пат по потпишувањето на пристапниот протокол за членство на нашата земја во Алијансата. Северна Македонија активно учествува во дискусиите за важни глобални прашања. На првата сесија на состанокот на министрите за одбрана се зборуваше за непочитувањето на Договорот за нуклеарното оружје со среден дострел од страна на Русија.

На состанокот, министрите за одбрана повторно ја повикаа Русија да ја напушти политиката на непочитување на овој Договор, кој е еден од столбовите за безбедноста на европскиот континент.

Во својата изјава, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, во името на министрите за одбрана, истакна дека НАТО се подготвува за свет без ваков важен Договор, а како мерки кои би биле во сила по 2 август, доколку позицијата на Русија не се промени, ги наведе воените вежби, против-ракетната одбрана и активностите за набљудување и извидување.

Пред состанокот на Северноатлантскиот совет, министерката Шекеринска разговараше со министерките за одбрана на Шпанија, Маргарита Роблес Фернандес, и на Холандија, Анк Билјевелд Шоутен. И шпанската и холандската министерка изразија силна поддршка за членството на нашата земја во Алијансата, додека министерката Шекеринска изрази очекување дека ратификационите процеси и во овие две пријателски и партнерски земји ќе завршат во кус период.

На средбата со норвешкиот министер за одбрана, Франк Баке – Јенсен, Шекеринска се заблагодари за ратификацијата на пристапниот протокол во норвешкиот парламент. Министерката истакна дека надежта и амбициозниот план на нашата држава, како и посветеноста на сојузниците на прашањето на ратификација покажуваат дека истиот може да заврши во рекордно време, односно до декември годинава. Шекеринска и Баке – Јенсен заклучија дека билатералната одбранбена соработка помеѓу Северна Македонија и Норвешка е на исклучително високо ниво и се заложија оваа соработка да продолжи да се развива и како сојузници во НАТО – Алијансата.



Министерскиот состанок продолжува денеска со две сесии, од кои едната посветена на мисијата на Алијансата во Авганистан, „Одлучна поддршка”. Денеска ќе се реализираат и дополнителни билатерални средби со министри за одбрана на земји – членки на НАТО.

По самитот, министерката ќе учествува на престижниот Бриселски форум, организиран од Германскиот Маршалов Фонд, каде ќе говори на тема иновациите и новиот пристап кон безбедноста.

Претходна статија

САНКЦИОНИРАНИ ВОЗАЧИ ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ НА АВТОМОБИЛИ И МОТОРИ ВО СКОПЈЕ, НАД 200 КАЗНЕТИ

Следна статија

ДВАЈЦА ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ ШТИП-РАДОВИШ

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да