| |

Борисов: Само обединети ги штитиме националните интереси. Со пријателите од РСМ да одиме напред

Повторно ја подавам раката кон нашите пријатели во Северна Македонија – да одиме заедно напред, врз основа на почитта и исполнувањето на Договорот за пријателство и добрососедство. Во мое лице и во лицето на Бугарија секогаш ќе имаат искрен и близок партнер.

Ова го изјави лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по повод одлуката на Европскиот парламент да ги отфрли сите текстови поврзани со „македонскиот идентитет и јазик“ од извештајот за напредокот на Северна Македонија, изготвен од Томас Вајц, пренесе БГНЕС.

„Ова е јасен знак дека кога Бугарија е обединета – кога сите наши европратеници, институции и политички сили дејствуваат заедно – можеме да постигнуваме резултати и да ги браниме националните интереси на највисоко ниво во Европа! Посебна благодарност до Андреј Ковачев и нашето семејство – Европската народна партија!“, рече Борисов.

„Во последните недели водев бројни разговори со европски лидери и претставници на водечките политички семејства во ЕУ. Јасно објаснив дека европските документи не треба да се користат за националистичка пропаганда, туку да му служат на вистината и добрососедството. Среќен сум што гласот на Бугарија беше слушнат.

Повторно ја подавам раката кон нашите пријатели во Северна Македонија – да одиме заедно напред, врз основа на почитта и исполнувањето на Договорот за пријателство и добрососедство. Во мое лице и во лицето на Бугарија секогаш ќе имаат искрен и близок партнер.“, додаде тој.



Слични Објави