|

СВЕЧЕНО ОТВОРЕН ВЕНТИЛОТ И ОФИЦИЈАЛНО ПУШТЕН ГАС НИЗ ТУРСКИОТ ТЕК

Со поврзување на последната цевка и одвртување на вентилот, претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов, симболично и официјално го пуштија во употреба гасоводот Турски тек.

Денес беше пуштен во употреба дел од гасоводот од рускиот град Анапа до турскиот Кијакеј, со цевки под Црното Море.

Вториот крак на гасоводот, наменет за снабдување на јужна и југоисточна Европа со руски гас, е во фаза на изградба и ќе минува од турската граница, преку Бугарија и Србија, до Унгарија.

Голем број официјални претставници присуствуваа на церемонијата на отворање во Истанбул.

Турскиот претседател Ердоган изјави дека Турскиот тек е показател за добрата соработка меѓу Турција и Русија и историски енергетски проект во регионот, преку кој со гас ќе се снабдуваат милиони домови.

Претседателот Путин истакна дека соработката меѓу Русија и Турција на овој проект е добар пример за соработка меѓу две држави во услови на сложени меѓународни односи, додавајќи дека проектот не е важен само за овие две земји, туку и за граѓаните на цела Европа.

Извор: Макфакс

Слични Објави