|

МАКЕДОНИЈА СО ПОМОШ ОД 6 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА АВСТРАЛИЈА

Владата денеска на редовната втора седница донесе одлука од резервите на Буџетот за 2020 година да бидат одобрени 6.000.000 денари за помош за настраданите од пожарите во Австралија.

Според последните податоци повеќе од пет милиони хектари земја се изгорени во пожарите што ги зафатија сите шест австралиски држави и една територија, во кои има и човечки жртви и стотици уништени имоти.

Слични Објави