|

Зеленски и Руте ја посетија Одеса: НАТО ја потврдува поддршката за Украина

Денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, заедно ја посетија Одеса. Руте ја објави посетата преку својот профил на платформата X, истакнувајќи ја непоколебливата поддршка на НАТО за Украина, јавува Фактор. Тој го осуди неодамнешниот руски напад врз Суми за време на Цветница и нагласи дека НАТО ќе продолжи да ја поддржува Украина во нејзината одбрана и во спречувањето на идни агресии, со цел да се обезбеди праведен и траен мир.

Зеленски, преку својот профил на Facebook, информираше дека заедно со Руте посетиле болница каде што се лекуваат ранети украински војници од фронтот. Претседателот изрази благодарност кон војниците за нивната сила и несломливост, доделувајќи им државни награди за нивната храброст и заштита на украинскиот народ.

Покрај тоа, Зеленски денеска ги награди и воените медицинари, истакнувајќи ја нивната посветеност во спасувањето животи, не само во болниците, туку и под постојаните напади во регионите Херсон, Харкив и Миколаив.



Слични Објави