| |

КАТИЦА ЈАНЕВА НЕМА ДА ДАВА ИСКАЗ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО

Порашената специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, во оваа фаза од постапката нема да дава исказ пред обвинител во случајот „Рекет“ каде е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластување.

Одлуката ја донела заедно со нејзините бранители, кои до четврток, 10 октомври, имаат рок да предложат докази во полза на Јанева.

Истрагата за случајот заврши пред околу две недели, а се очекува наскоро и од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција да покрене обвинение.

Паралелно одбраната на Јанева ја очекува и одлуката од Апелацискиот суд во Скопје за тоа дали ексобвинителката ќе остане во притвор во затворот во Шуто Оризари или ќе добие поблага мерка, како што е куќниот притвор.

За да излезе од притвор, адвокатите понудија гаранција од имот, која беше одбиена, по што следуваше жалба. За да се донесе одлука за жалбата, второстепениот суд го очекуваше мислењето од Вишото јавно обвинителство, од каде истото е испратено утрово.

До овој момент сѐ уште нема одлука од Апелација за притворот на Јанева.



Слични Објави