(Фото) Старото бугарско народно училиште во Прилеп
Исклучително ретка фотографија на зачувана тула од старото училиште во Прилеп, со буквите Б.Н.У., што значи “Българско народно училище”! По уништувањето на училиштето од страна на Србите, прилепските Бугари за спомен од него си зеле по тула, која ја вградиле на тајно место во своите куќи.

“Во 1894 г. е изградено новото училиште во Прилеп. Инспирацијата на неговите градители беше толку моќна што најдоа генијален начин да ја изразат, во зградата од тули длабоко ги отпечатија буквите Б. Н. (БЪЛГАРСКО НАРОДНО). Високо над главниот влез, соѕидале плоча со натпис “Българско народно училище “Св. Св. Кирил и Методий” 1894 г.”. Турците не посегнале на оваа светост.
Во 1913 г., српските окупатори го премачкаа името на училиштето со вар. По втор пат, српска рака го премачкува натписот во 1918 г. По некаква сила, прекриените Бугарски букви, под влијание на атмосферските промени, повторно се појавиле и сите можеле да прочитаат „Българско народно училище“. Учениците по најлесниот начин се убедуваат, во тоа кои се тие и како какви се родени. Ќе дојде некој нов српски колонизатор и ќе праша: – „Дали е ова училиштето Крал Петар“? Не, одете на реката и прашајте: „Каде е српското училиште, и ќе ти кажат!“

Затоа една вечер, на 2 март 1939 г., во 11 ч., злосторничка рака го запалува. Пламените ја зафатиле целата зграда за да го уништат, тое кое што со секоја своја тула говори дека е Бугарско. Главниот наставник Никола Ачкович, агент на мракобесната српска организација ЦРНА РУКА, го инсценира пожарот.
Два дена пред тоа, се појавува чад. Служителите известуваат дека оџаците нејасно како, биле запалени и сакаат да повикаат противпожарна служба. Ачкович ги заплашува дека тоа не е нивна работа. Вечерта бугаромразецот влегува во зградата со еден српски чувар. Малку подоцна, минувачите забележуваат пламени. Целото дрвено столбиште гори од долу нагоре. Очигледно е дека се користени запаливи материи. Оџаците што чадеа во претходните денови требаше да создадат измама, дека тие се причината за пожарот.
Пламените ги уништуваат само дрвените делови. Ѕиданите делови остануваат заедно со натписот, како жив укор против злосторникот. Тие го надживеале нивниот подпалувач и само по две години, во 1941 г., тие ќе продолжат да им служат на културните потреби на Бугарите во Прилеп.“
СТО ГОДИНИ НОВО БУГАРСКО УЧИЛИШТЕ ВО ГР. ПРИЛЕП 1843-1943, Коста Црнушанов

