НАД 40 УБИЕНИ ВО НАПАД ЗА ВРЕМЕ НА СВАДБА ВО ЛИБИЈА
Над 40 лица загинаа, а десетици се повредени во воздушен напад во југозападниот дел на Либија, во момент кога се одржувала свадбена веселба во градот Марзук, објавија новинските агенции, кои се повикуваат на локалните медиуми. Според наводите на медиумите, нападот го извршиле силите лојални на лидерот на вооружените сили од источниот дел на Либија, генерал Калифа Хафтар.
Речиси 1.100 луѓе се убиени од 4 април, кога Хафтар започна офанзива врз либискиот главен град Триполи. Либиската влада, која е призната од ОН, во саботата соопшти дека урнала едно беспилотно летало, кое им припаѓа на силите на Хафтар. Специјалниот пратеник на ОН, Гашан Саламе предложи прекин на огнот за време на претстојниот Курбан Бајрам, кој почнув на 11 август, и побара повторно започнување преговори.