| |

ГРЦИЈА СО ПАКЕТ МЕРКИ И ПАРИЧЕН ДОДАТОК ОД 2000 ИЛЈАДИ ЕВРА ЌЕ СЕ БОРИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ДЕМОГРАФСКИОТ ПРОБЛЕМ

Додаток од 2.000 евра за секое новороденче и заштита од отпуштање од работа од 24 месеци по породувањето, се само дел од мерките што ќе ги преземе грчката Влада за справување со демографскиот проблем пишуваат грчките медиуми.

Министерство за труд подготвува 14 мерки, меѓу кои и додаток од 2.000 евра за новите родители од јануари 2020 година. Министерот за труд, Јанис Вруцис и заменик министерката за социјална солидарност Домна Михаилиду ќе обезбедат 180 милиони евра за новиот додаток што ќе се подели на околу 90 илјади мајки, со исклучок на оние кои имаат високи месечни примања.

Меѓу 14-те мерки што ќе ги преземе грчката Влада се : доделување стипендии за нови мајки кои се студентки, можност за избор кога ќе се искористи породилното отсуство, за родителите кои нема да најдат место за нивното дете во државна градинка, ќе се доделуваат купони од 180 евра за 10 месеци, продолжување на работното време на градинките, воведување статус доверливо, односно анонимно породување за да се елиминираат случаи на опасни породувања и напуштања на новороденчиња, преземање иницијативи за ограничување на несаканите бремености преку сексуално образование и информирање за начините на контрацепција, зголемување, од 18 на 24 месеци, на заштитата од отпуштање по породувањето.



Слични Објави